Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос ги потсети фановите на Реал на еден незаборавен момент и воодушеви со последната објава на Инстаграм (Фото)

Објавено

на

Серхио Рамос ќе остана запаметен како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Реал Мадрид, но и како човекот кој ја најави толку посакуваната „Ла Десима“.

Реал Мадрид губеше од Атлетико во големото финале во Лигата на шампионите кое се одигра во 2014-та година на „Луж“ стадионот во Лисабон до 93-та минута, но тогаш на сцена стапи Рамос кој испрати неодбранлив удар со глава во мрежата на Куртоа.

„Кралевите“ израмнија 1:1, а потоа во судиските продолженија го нокаутираа грогираниот ривал и со убедливи 4:1 стигнаа до 10-та титула во најелитното натпреварување.

За фановите, Рамос беше херојот на „Ла Десима“, а сега како член на ПСЖ ги воодушеви навивачите на Реал со последната објава на Инстаграм.

– Специјално враќање, место на кое бевме многу среќни. 93 минута!, – гласи објавата на Рамос откако последно гостуваше со ПСЖ токму на „Луж“, стадионот на кој се играше големото финале против Атлетико пред осум години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни