Поврзете се со нас

Свет

Рамос дебитираше со победа за новата екипа, ја носеше и капитенската лента (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Rayados

Серхио Рамос долго време бараше ангажман по завршувањето на приказната со Севилја, неговото име се поврзуваше со преселба во повеќе екипи, но дури неодамна го затвори клупското прашање и тоа се преселба во Мексико.

Токму рано утрово тој го имаше дебито за Монтереј, победничко деби проти составот на Атлетико Сан Луис. Домаќините беа фаворити на хартија, статус кој го потврдија на теренот со славје од 3-1 во кое во листата на стрелци се запишаа Бертераме (2) и Торес.

Рамос беше стартер и настапи до 80 минута, а интересно е тоа што веднаш на неговата рака се најде капитенската лента.

Инаку Монтереј е тим во кој настапуваат неколку познати имиња од шпанскиот фудбал како Оливер Торес, Каналес, Окампос, а тренер е Демикелис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни