Рамос без влакна на јазикот му возврати на Марадона и направи брутална споредба меѓу него и Меси!

ramos-iran

Диего Армандо Марадона го „пецна“ Серхио Рамос во увертирата за мечот меѓу Шпанија и Иран на Светското првенство, посочувајќи го Диего Годин како пример за вистински феномен и стопер кој прави се за еден тим.

Ваквите зборови на легендарниот Дон Диего секако предизвикаа големо внимание во јавноста, а иако Аргентинецот во своето обраќање потенцираше дека не сака да потцени никого, сега наиде на доста жесток одговор од страна на шпанскиот капитен.

По минималната победа од 1:0 над Иран, Рамос дал доста брутална изјава во микс-зоната, ставајќи го Лионел Меси на врвот на пиедесталот далеку пред легендарниот Марадона.

– Марадона беше феномен, но сите во Аргентина знаат дека тој е светлосни години назад од најдобриот аргентински играч на сите времиња, а тоа за мене е Лео Меси, – кратко и јасно порачал Рамос.

Facebook Коментари