Поврзете се со нас

Франција

Рами: Мбапе веќе има донесено одлука за неговата иднина

Објавено

на

blank

Килијан Мбапе од 2017 година е дел од Пари Сен Жермен, но токму оваа сезона може да биде негова последна во дресот на францускиот шампион.

Ова го тврди некогашниот француски репрезентативец, Адил Рами кој верува дека деновите на Мбапе во Париз се изброени, потчно смета дека напаѓачот веќе има донесено одлука и го знае следниот чекор.

-Мислам дека е готово, особено затоа што нема придвижување во разговорите. Имате впечаток дека го нервира да зборува за тоа, не зборува за тоа со клубот, неговиот табор. Кога се нервира тоа значи дека не сака да слуша за тоа. Незгодно е за него. Неговата иднина е веќе зацртана, тажно е за ПСЖ,  дури и за Лига 1. Го сакам овој играч, -истакна Рами кој со Килијан играше во националниот тим.

Како фаворит за потписот на експлозивниот напаѓач се смета екипата на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни