Поврзете се со нас

Формула 1

Ралф Шумахер со најава за Ф1 „бомба“: Наследникот на Шумахер може да влезе во „најбрзиот циркус“

Објавено

на

Ралф Шумахер е еден од оние луѓе кои сметаат дека нема да биде големо изненадување доколку Алфа Ромео комплетно го промени возачкиот двоец по крајот на оваа сезона, бидејќи работите за Кими Раиконен и Антонио Џовинаци не се ниту одблиску позитивни веќе извесно време.

Поранешниот Ф1 возач кој е брат на легендарниот Михаел Шумахер не ја исклучува можноста и за „бомба“ во „најбрзиот циркус во светот“, прогнозирајќи дека неговиот внук Мик може да добие шанса во Алфа Ромео како талентиран возач во Формула 1 и наследник на неговиот татко кој е седумкратен првак.

Ваквото мислење на Ралф се должи на блиската врска која ја имаат Ферари и Алфа Ромео, па покрај тоа што го спомена името на неговиот внук, додаде дека еден од двајцата возачи најверојатно ќе биде Нико Хулкенберг, човекот кој го замени Чеко Перез пред неколку трки.

– Сите се запознаени со блиската врска меѓу Ферари и Алфа Ромео. Ќе биде навистина логично да му се даде шанса на нов и млад возач наредната сезона, – вели Ралф за „Скај“, алудирајќи на Мик кој веќе вози во Формула 2.

– Работите за Алфа Ромео не се добри во овој момент и нема да биде лошо уште во 2020-та година да му се даде шанса на млад возач за време на петочните сесии. Навистина мислам дека разгледуваат опции за двајца нови возачи за наредната сезона, едниот ќе биде искусен возач, а другиот многу надежен. Може веќе имаат започнато преговори со Хулкенберг, – изјави Ралф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни