Поврзете се со нас

Формула 1

Ралф Шумахер објасни зошто Хамилтон не е подобар од неговиот брат Михаел

Објавено

на

blank

Луис Хамилтон е на добар пат да го израмни историскиот рекорд на Михаел Шумахер по бројот на освоени титули во Формула 1, бидејќи актуелниот шесткратен првак делува неспоредливо подобро во однос на конкуренцијата и оваа натпреварувачка сезона.

Британецот има се во свои раце да се израмни со легендарниот Шумахер кој зад своето име запиша седум титули во „најбрзиот циркус“, а со оглед на тоа што Хамилтон се уште вози и има шанса да ги урне сите рекорди, се почесто се прават споредби меѓу него и поранешниот возач на Ферари.

Последен одговор на оваа тема даде Ралф Шумахер, братот на Михаел кој говорејќи за „Скај Германија“, се обиде да објасни зошто не може да се каже дека Хамилтон е подобар од седумкратниот првак кој доминираше во својата ера.

– Луѓето продолжуваат да ме прашуваат дали Луис Хамилтон е најдобар на сите времиња сега кога е на пат да ги урне сите рекорди на мојот брат. Моето мислење е следно. Не е подобар од мојот брат, но е најдобар во неговото време, во неговата ера, – вели Ралф Шумахер за „Скај“ и продолжува.

– Истото важи и за Михаел, тој беше најдобар во својата ера. Тешко е да го споредите Хамилтон со мојот брат, има многу фактори кои влијаат на бројките. Не треба да се заборави дека Луис има мега пакет кој го добива од Мерцедес, наспроти својот брилијантен талент кој го поседува. За Михаел, не беше секогаш така. Сепак, тоа не го менува фактот дека Луис е генијален, тој е убедливо најдобар на патеките во оваа ера, – завршува Шумахер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни