Поврзете се со нас

Италија

Раководството на Рома донело одлука за позицијата на Јуриќ

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Иван Јуриќ сезонава го наследи Даниеле Де Роси на клупата на Рома, но сега и самиот се наоѓа пред отказ во италијанскиот клуб.

Поразот од неговиот поранешен тим Верона дополнително му ја расклати позицијата во редовите на „волчицата“, но барем засега хрватскиот стручњак останува на својата функција.

Раководството на Рома решило да му укаже доверба на Јуриќ за натпреварот со Унион Сан-Жилоис во Лига Европа, па тој ќе ја води екипата на гостувањето во Белгија.

Членовите на менаџментот од фамилијата Фридкин во моментов не биле во Рим и само ги инфомирале соработниците за одлуката, но јасно е дека истата не е гаранција за останување на Јуриќ на долг рок.

Победата ќе биде императив за „волчицата“ и можност Јуриќ да си ја задржи позицијата и покрај фактот што има само четири победи на последните десет натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни