Поврзете се со нас

Шпанија

Раководството на Реал е импресионирано од актуелната сезона, Анчелоти го менува планот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти долго е поврзуван со „трансфер“ на клупата на бразилската фудбалска репрезентација, но шпански „АС“ тврди дека Италијанецот веќе размислува во друга насока.

Раководството на Реал е импресионирано од начинот на кој искусниот Анчелоти менаџира со тимот во сезоната во која екипата погодена од многу сериозни повреди и чести отсуства, а истовремено е на врвот на табелата во Ла Лига и одигра одлично во групната фаза на Лигата на шампионите.

Според ова, јасно е дека Флорентино Перез и неговите соработници не сакаат разделба со тренерот по крајот на сезоната, а Анчелоти веќе им соопштил на Бразилците дека негов приоритет е Реал и нема да пристигне во Јужна Америка ако добие понуда за продолжување на соработката.

Конечниот договор треба да биде постигнат по Суперкуп турнирот на кој Реал ќе учествува, а Италијанецот веројатно ќе потпише договор кој ќе истекува во 2025 година.

На тој начин дилемите за тренерската позиција во Реал ќе бидат решение уште на почетокот на годината, а Анчелоти и фудбалерите ќе бидат ослободени од долги шпекулации во продолжението од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни