Поврзете се со нас

Светски првенства

Ракометно шоу во малото финале: Французите преку драма до бронзените медали (Видео)

Објавено

на

Франција и Португалија приредија вистинско шоу за ракометните фанови, а избраниците на Гијом Жил на крајот беа поуспешни во драматична завршница (35:34) и ги собраа бронзените медали на Светското првенство кое завршува денеска.

Дуелот за трето место одлично го одсудеа нашите Начевски и Николов, натпреварот донесе израмнета игра и голема неизвесност до крајот, а Франција на полувреме имаше предност од 19:17.

Португалија воопшто не дозволи ривалот да се одлепи. Во вториот дел стигна и до плус два, па до последната секунда беше во игра за продолженија, но зицерот на Ареја заврши со херојска одбрана на францускиот голман Болзингер.

Французите си обезбедија уште еден медал од големите натпреварувања, а најефикасни беа Мин со 10 и Наи со 6 голови.

Во португалскиот состав, Итуриза и Кошта го завршија дуелот со по 7 погодоци.

Во финалето од 18 часот ќе играат Хрватска и Данска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни