Поврзете се со нас

Светски првенства

Ракометно чудо во Каиро: Бразил и Тунис изрежираа драма која ги збуни судиите и ВАР системот (Видео)

Објавено

на

Откако во првото коло и откина бод на фаворизираната Шпанија, Бразил и во второто коло успеа да се избори за нестварно реми во ситуација кога изгледаше се загубено, бидејќи избраниците на селекторот Оливеира имаа два голови негатива на 30 секунди пред крајот.

Тунис беше пред голема победа во завршницата и водеше 32:30 на точно 36 секунди пред крајот, но потоа некако успеа да фрли во вода се што градеше и заработи во претходните 59 минути.

Бразил набрзина даде гол и намали на 32:31, но наместо да видиме мирна и бавна акција од Тунижаните, тие избрзаа и им подарија контра на Бразилците кои на неколку секунди пред крајот израмнија на 32:32.

За да биде драмата уште полуда, Абдула имаше шут за победа и со истиот ја погоди гредата, а бидејќи стануваше збор за многу тесна ситуација, мораше да виде вклучен и ВАР системот на мундијалот во Каиро.

За волја на вистината, судиите уште толку ја продлабочија драмата бидејќи донесоа две различни одлуки, од кои дури втората беше онаа правилната. Најпрво досудија гол за Тунис и Тунижаните почнаа еуфорично да слават, за неколку секунди подоцна да ги разочараат и да проценат дека сепак немало гол.

Во дадениот случај, последни кои се смееја и се радуваа беа Бразилците…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни