Ракометните фанови во Германија во шок: Левен водеше против Лемго со 14:0 (Видео)

Taleski-Lemgo

Вчерашната победа на Рајн-Некар Левен над Лемго со резултат 38:17 ја изненади германската ракометна јавност. Иако домаќините беа фаворити за победата, Лемго кој важи за тим со солиден квалитет комплетно потфрли и ги шокираше фановите.

Тимот на нашиот Филип Талески водеше со 14:0 пред гостите да го постигнат првиот гол, а вториот го постигнаа за 20:2. Потоа беше 22:2 (на полувреме 23:4 што е нов рекорд во Бундеслигата), по што гостите успеаја да ја нормализираат играта и до крајот да стигнат до колку толку поприфатливи, но сепак преубедливи 38:17.

Facebook Коментари