Поврзете се со нас

Светски првенства

„Ракометниот тенк“ ги импресионираше и Македонците: Столе и Пешевски ја овековечија средбата со Мвумби (Фото)

Објавено

на

Македонија го заврши со пораз својот настап на Светското првенство во Египет кое дефинитивно нема да го памети по ништо добро, но од друга страна, овој турнир беше историски за една африканската селекција која стана и голем хит поради пикерот во составот.

Гаутиер Мвумби со своите 137 килограми ги вчудоневиди ракометните фанови, но уште повеќе со своите фантастични движења за килажата која ја има, па како шлаг на тортата, беше избран и за играч на мечот во последниот настап на ДР Конго во воведната фаза на мундијалот.

После тоа следуваше историска победа над Ангола која беше прва за ДР Конго на Светските првенства, а бидејќи со своите изданија го доби епитетот на ракометна сензација на ракометниот мундијал, македонските пикери не пропуштија да ја овековечат средбата со „тенкот“ од Африка.

Столе Стоилов и Жарко Пешевски се незаменливи во македонскиот табор на позицијата кружен напаѓач, исто како што е Мвумби во ДР Конго. Фотографијата која ја објави Пешевски на Инстаграм брзо стана вирален хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни