Ракометниот Супер Куп ќе се игра во Куманово

Vardar-kup1

Познат е точниот термин и градот во кој ќе се одигра ракометниот Супер Куп на Македонија во кој силите ќе ги одмерат Вардар и Металург.

РФМ одлучи оваа средба да се одигра на 18 септември во спортската сала во Куманово. Токму на ова место металурзите пред неколку месеци направија вистинско изненадување и го победија Вардар во битката за титулата Купот и тоа по изведувањето на пенали (4-3), откако натпреварот заврши нерешено (29:29).

Facebook Коментари