Македонија
Ракометната Суперлига ќе стартува со големо дерби уште во првото коло
Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето за новата натпрварувачка сезона во македонската елита, а со тоа го дознавме и распоредот за Првото коло во Суперлигата.
Македонското првенство ќе стартува со големо дерби уште во воведното коло, бидејќи Алкалоид како актуелен Куп шампион ќе го пречека најтрофејниот македонски колектив, тимот на Вардар.
Новата ракометна сезона ќе започне во месец септември, односно викенд програмата е предвидена за 7-ми септември.
Еурофарм Пелистер како актуелен шампион ќе ја отпочне одбраната на титулата против Тиквеш, а од извлечената ждрепка за издвојување е и датумот за „вечното дерби“.
Пелистер и Вардар првпат ќе се пресметаат во четвртото коло на крајот на септември, а реваншот на средината на месец декември.
Двојки за прво коло:
Алкалоид – Вардар
Радовиш – Охрид
Бутел Скопје – Куманово
Прилеп – Пролет
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Струга – Бисинов
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Англијапред 12 часа
Изненадувачкиот стартер на последните два меча на Јунајтед: Ако клубот побараше да си заминам, без проблеми ќе го направев тоа