Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометната јавност во исчекување: Македонија како домаќин на групата Ц чека ривали за ЕП

Објавено

на

Македонската спортска јавност со големо нетрпение го исчекува исходот од ждрепката која денеска попладне во 17:00 часот ќе се одржи во „Замокот Љубљана“, по која Македонија ќе ги дознае противниците за Европското првенство на кое ќе биде еден од домаќините.

На континенталниот собир ќе настапат вкупно 16 репрезентации и сите ќе бидат дел од денешното извлекување во Љубљана, натпреварување на кое покрај домаќините Македонија, Словенија и Црна Гора, директно учество обезбеди и актуелниот првак Норвешка. Квалификациите кои завршија ни ги открија и останатите 12 патници на Европското првенство, кое денеска ќе ја добие вистинската слика за изгледот на групите.

Македонија ќе чека противници од третиот шешир, а сигурно е само дека не може да играме против Словенија, Хрватска и Германија, селекции кои исто така се најдоа во овој барабан

Нашата репрезентација како домаќин ќе биде сместена во групата Ц која ќе се игра во Скопје, а целта секако ќе биде да бидеме една од трите репрезентации кои ќе патуваат во наредната фаза.

Денеска ќе бидат формирани четири групи со по четири репрезентации, во втората рунда на турнирот ќе продолжат екипите од првото до третото место, а потоа ќе следи разигрувањето и најважните натпревари.

Европското првенство ќе се игра од 4-ти до 20-ти ноември оваа година, Скопје ќе биде домаќин на групата Ц и дуелите во втората фаза на турнирот, додека завршните натпревари ќе се играат во словенечката престолнина.

Само за потсетување, Македонија нема да биде организатор само на сениорското Европско првенство, бидејќи од ИХФ доби и чест да го организира кадетското Светско првенство во женска конкуренција до 18 години.

шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

Извлекувањето на групите ќе може да се следи во живо на следните линкови

https://ehftv.com/home

https://www.facebook.com/events/389998379652833

www.youtube.com/watch?v=RvVoe1kh_YA

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни