Поврзете се со нас

Македонија

Ракометна Суперлига: Рутинска победа на Еурофарм Пелистер, Вардар славеше со неверојатен пресврт

Објавено

на

Фото: Денис Дуковски / РКВардар1961

Најновата 21-ва рунда во ракометната Суперлига донесе очекуван расплет за фаворитите, но за разлика од Еурофарм Пелистер, Вардар мораше да прави неверојатен и чудесен пресврт на гостувањето кај Охрид.

Македонскиот првак Пелистер без проблеми се справи со Бутел и беше убедлив на домашен терен со 34:25, покажувајќи дека е максимално настроен кон случувањата во домашното првенство по испаѓањето од Лигата на шампиони.

Победата на фаворитот во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а при таков распоред на силите, Филип Кузмановски доминираше во натпреварот со десет постигнати гола, три повеќе од Дејан Манасков.

Ако победата на Пелистер беше рутинска, Вардар мораше да жестоко да се испоти и да се намачи за два освоени бода, бидејќи на натпреварот против Охрид имаше и негатива од шест голови.

Охрид водеше 16:11 на полувреме и истакна кандидатура да направи голема сензација, но скопскиот тим успеа да направи пресврт, пред се благодарение на сензационалната партија на голманот Гогов во второто полувреме.

Вардаровиот чувар на мрежата имаше девет одбрани во вторите 30 минути, а во напаѓачкиот дел херој беше Вуко Борозан со десет погодоци за 26:27. Најефикасен ракометар на теренот беше играч на Охрид, но десетте погодоци на Орјоникидѕе на крајот беа залудни за домаќините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни