Ракометна лекција: Македонија ја „оддува“ Русија, утре ќе играме за петтото место на мундијалот

mk

Македонската ракометна репрезентација до 21 година ќе игра за петтото место на Светското првенство во Алжир.

Ова е епилогот по првиот меч во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место во кое ние ја решивме селекцијата на Русија со 36-27. Нашите надежи комплeтно ја уништија „зборнаја“, играа како по ноти и на тој начин се изборија за дуел со подобриот од пресметката меѓу Унгарија и Тунис која е на програмата од 16 часот.

Избраниците на Илија Темелковски денеска особено беа импресивни во првиот дел кога направија 10 голови предност (21-11), позитива која успеаа и да ја сочуваат до самиот крај.

Ова за македонските ракометари беше втора победа над Русија на шампионатот, првата ја забележивме во групната фаза кога славевме со 29-22.

Facebook Коментари