Поврзете се со нас

Свет

Ракометна „бомба“: Сагосен се врати во Алборг

Објавено

на

Репрезентативецот на Норвешка, Сандер Сагосен ја напушти својата татковина и се врати во клубот за кој веќе настапуваше од 2014 до 2017 година-тоа е составот на Алборг.

Средниот бек досега беше дел од Колстад кој за овој трансфер ќе добие добро обештетување кое сигурно ќе помогне за подобрување на финансиската состојба на клубот. Сагосен нема да може да игра за Алборг во преостанатите натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, но потоа ќе биде на располагање и ќе биде сериозно оружје, засилување за напад на европската титула.

-Никогаш не криев дека некои од најдобрите години во мојата ракометна кариера беа оние што ги имав во Алборг. Имам многу убави спомени од овде и затоа сум среќен што имам можност да се вратам во клубот кој толку многу порасна откако бев тука-финансиски, но и во однос на амбициите.

-Затоа многу се надевам дека ќе можам да придонесам клубот да ја постигне целта не само да го освои данскиот шампионат, туку и да ја освои Лигата на шампионите, нешто во што беа многу блиску минатата година. Сега со нетрпение очекувам да се сретнам со моите нови соиграчи, да го облечам црвениот дрес и не најмалку важно повторно да се сретнам со илјадниците фантастични навивачи на Алборг, -порача Сагосен кој потпиша четири ипол годишен договор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни