Поврзете се со нас

Свет

Ракометна бомба: Абало одби да стави крај на кариерата и направи сензационален трансфер (Фото)

Објавено

на

Лук Абало со години наназад е едно од најдобрите ракометни крила во светот и со своите партии беше еден од носителите на ПСЖ и француската селекција, но иако најави дека 2020-та сака да ја заокружи во голем стил со титула во ЛШ и последен настап на Олимписките игри, коронавирусот му ги помати сметките.

За разлика од Арпад Штербик кој реши да се повелече по секоја цена, Абало на крајот одлучи да не заминува во пензија и да ја продолжи кариерата за уште една сезона, а неговиот потег е и повеќе од сензационален.

Откако ПСЖ му навести дека не му го продолжува договорот, фантастичното десно крило беше решен дека се ближи крајот, но сега конечна одлука е дека наредната сезона ќе игра во Елверум.

Клубот со големо задоволство го потврди бомбастичниот ангажман на искусниот ракометар, кој поради вонредните услови, сега планира да настапи на Олимпијадата која ќе се игра наредната година.

– Елверум има млад состав и сакам да придонесам со моето искуство. Како на натпреварите во домашното првенство, така и на оние во Европа. Ќе дадеме се од себе да не бидеме аутсајдери во Европа, туку тим кој ќе оди на победа на натпреварите. Ќе работам напорно како и секогаш и ќе се борам да настапам со Франција на Олимписките игри во 2021-ва година, – порача Абало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни