Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ракометен празник во „Јане Сандански“ како најава за осминафиналето: Вардар го растури Елверум во меч со 69 голови

Објавено

на

По поразот на ППД Загреб претходно денеска, вечерашниот дуел во „Јане Сандански“ немаше никакво значење, но тоа не ги спречи ракометарите на Вардар да понудат вистински спектакл и ревија од голови за навивачите.

Вардар уште претходно се пласираше во нокаут рундата во Лигата на шампионите, но сега ја заврши групната фаза онака како што му доликува, односно со победа над Елверум кој исто така ќе го гледаме во следната фаза како шестопласиран во групата.

Во натпревар во кој се видоа дури 69 гола, Вардар покажа дека е подобар тим во завршните 10 минути, во кои успеа да направи огромна разлика и на крајот да слави со убедливи 39:30.

Вардар водеше 26:25 во 48-та минута, но потоа следеше „црвено-црна“ рапсодија на теренот, која резултираше со доминација, но и огромен пад на Елверум.

Тимур Дибиров со седум погодоци беше најефикасен ракометар во таборот на Вардар, следен од браќата Њокас кои постигнаа по шест и пет погодоци.

Вардар во осминафиналето ќе игра со Веспрем, а потенцијален противник во четвртфиналето е дански Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни