Поврзете се со нас

Свет

Ракометен парадокс: Португалецот Тиаго заработи црвен картон по само 30 секунди игра (Видео)

Објавено

на

Тиаго Роча ги брани боите на француски Нанси, но во изминатите неколку часа стана навистина популарен во својата родна земја, бидејќи бил главна вест на натпреварот од француската прва ракометна лига.

Нанси загубил на гостувањето кај Данкерк со 24:23 изминатиов викенд, но тоа не е најважната вест од оваа средба, бидејќи Португалецот Роча се погрижил за голема глупост пред истекот на првата минута.

Ракометарот на Нанси заработил исклучување по само 30 секунди игра, па првата акција на Данкер се покажа како кобна за него и сосема заслужено бил испратен на предвремено туширање.

Роча со крајно невнимателен потег го соборил противникот задавајќи му удар во главата, па португалските медиуми почнаа да поставуваат прашање дали ова е најбрзото исклучување во историјата на ракометот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни