Светски првенства
Ракометен циркус: Бразилецот Артур исценира нокаут од судијата и ги изнасмеа фановите (Видео)

Унгарија со максимални четири бода влезе во главната рунда и продолжи со брилијантните изданија на мундијалот, па откако ја победи Германија, денеска најде решение и за незгодниот Бразил кој во првото коло и создаде многу проблеми на Шпанија.
Унгарците успеаја да победат со комотни 29:23 благодарение на бравурозното прво полувреме во кое компетно ги надиграа „кариоките“ со 16:11, а потоа во второто го одржуваа водството и со цврста одбрана го привршија мечот во своја корист.
Селекцијата која ја предводи Гујаш останува прва во својата група со максимални шест освоени бода, но покрај доминацијата на Унгарците, од овој натпрвар за издвојување е и еден урнебесен момент кој ги изнасмеа ракометните фанови.
Судиската интерпретација дека бразилскиот ракометар направил прекршок стана вирален хит на интернет, а причина за тоа е фактот што Бразилецот Артур Патријанова изимитира невидлив нокаут од арбитарот.
Оптичката илузија направи ова видео да стане вирално на социјалните мрежи…

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Англијапред 24 часа
Нема крај на проблемите за Клоп: Додека го чека враќањето на Гомез и Ван Дајк, сериозна повреда заработи Хендерсон