Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките загубија и на вториот тест со Норвешка

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз и на вториот контролен меч од Норвешка Б во рамките на ЕХФ неделата.

На првата средба загубивме со минимални 27-26, а пак денеска избраничките на Љубомир Савевски беа надиграни со 37-27. Скандинавките беа порасположени за игра иако во првиот дел бевме рамноправен противник и на паузата заминавме со негатива од 16-14.

Во вториот дел немавме решение на нивниот напад, примивме дури 21 погодок што е премногу за 30 минути.

Маџовска со шест гола беше најефикасна, Гичевска, Јанкуловска и Ристовска пак постигнаа по четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни