Ракометарките се спремни за предизвиците на турнирот во Турција

Zeni ehf nedela

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија е подготвена за предизвиците на турнирот кој од 22 до 25 ќе се одржи во Анталија, Турција.

Селекторот Симе Симовски овие денови работеше со повиканите ракометарки за да утре националниот тим одлета за Турција каде ќе одигра четири средби со домаќините, Косово и Италија.

sime

Распоред на натпревари:

22.11.2019 Македонија – Италија (17:00 часот)

23.11.2019 Турција (B) – Македонија (11:30 часот)

23.11.2019 Турција (А) – Македонија (17:00 часот)

25.11.2019 Македонија – Косово (17:00 часот)

Facebook Коментари