Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките се покажаа во добро светло и во Норвешка, но одново загубија од светските шампионки

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација може да биде горда на лицето кое го прикажа во двете пресметки со Норвешка во ЕХФ Еврокупот, бидејќи и денеска силно и достоинствено му парираше на актуелниот светски шампион.

Македонија одигра извонредни 40 минути во Скопје пред неколку дена, но одлично се носеше и денеска на гостувањето кај Норвешка во кое одново пресуди квалитетот и искуството во второто полувреме.

Во едно егал прво полувреме, избраничките на Савевски се изборија за реми и 14:14 на паузата, но Македонија едноставно не можеше да го одржи тоа темпо и потклекна во продолжението.

Фаворитките брзо стигнаа до плус четири на средина на второто полувреме и најавија дека се решени да оставрат нова победа, кој на крајот ја осигураа со конечни 32:27.

Новак со девет погодоци беше нерешлива енигма за нашата одбрана, додека во нашиот тим во офанзивен поглед се истакнаа Дабевска со пет гола, односно Јанеска, Ристовска и Гичевска кои постигнаа по четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни