Ракометарките со победа над Косово го заокружија настапот на турнирот во Турција

sime

Женската сениорска репрезентација на Македонија со победа над Косово од 30:27 го заврши меѓународниот турнир на кој домаќин беше Анталија и Турција.

Нашите ракометарки успеаа да го добијат дуелот благодарение на разликата која на правија во првиот дел во кој се одлепија на плус четири (17-13), па во продолжението успеаа таа предност да ја задржат. На нас ова беше втора победа на турнирот над онаа против Б селекцијата на Турција, додека пак ремизиравме со Италија, а загубивме само од A репрезентацијата на Турција.

Резултати:

Македонија – Италија 29:29 (13:16)

Македонија – Турција (B)  37-19 (22-8)

Македонија – Турција (А) 33:42 (22:17)

Македонија – Косово 30:27 (17:13)

Facebook Коментари