Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките парираа 40 минути против моќната Норвешка, но потклекнаа во клучните моменти

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација одлично парираше 40 минути против супер-фаворизираната Норвешка, но на крајот направи многу технички грешки и дозволи лесна победа за моќниот тим.

Норвежанките пристигнаа во Скопје без неколку важни ракометарки за натпреварот од ЕХФ Еврокупот, но без оглед на тоа, мора да се пофали пристапот и желбата за надигрување на избраничките на Савевски во првите 40 минути, во кои игравме рамо до рамо со фаворитките.

Факт е дека Норвешка го диктираше резултатот цел меч и дека ниту еднаш не бевме во водство, но Македонија имаше егал ситуација во 40-та минута (14:14) и тоа најдобро говори дека пруживме силен отпор.

Во одлучувачкиот период, македонските ракометари потпаднаа под притисокот и откако не дадоа гол десет минути, а примија дури седум, беше јасно дека Норвежанките ја осигураа победата.

На крајот, Норвешка славеше во Скопје со 18:24, па сега нашите ракометарки ќе треба да се подготват за нов дуел со истиот ривал, овојпат на гостински терен в недела.

Мицевска беше одлична на голот денеска и забележа двоцифрен број на одбрани, а во нападот најдобра беше Саздовска со шест гола, следена од Јанеска со четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни