Женската сениорска репрезентација на Македонија одигра без победник против Италија (29-29) на првиот од четирите предвидени контролни натпревари на турнирот во Анталија, Турција.
Нашиот националец тим го завршил првиот дел со три голови негатива (16-13) за да во вториот дел се променат улогите и избраничките на Симе Симовски слават со истиот резултат (16-13) за конечни 29-29.
Утре не очекуваат две средби и тоа против домаќинот, прво од 11:30 играме против Б селекцијата, додека од 17:00 часот е закажана битката со најсилната репрезентација на Турција.
Facebook Коментари