Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките надиграни од Романија во првата бараж битка за СП

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Романија од 33-22 во првата бараж пресметка за пласман на Светското првенство во Шпанија.

Нашиот национален тим се обиде да се надигрува со фаворитит, имаше минути во кои тоа успешно го правеше, но и лоши периоди, грешки кои Романките максимално ги казнуваа и на тој начин си обезбедија двоцифрена предност пред реваншот во Скопје закажан за 21 април од 17 часот.

Првиот дел го завршивме со негатива од 15-11, додека во вторите 30 минути исто постигнавме 11 гола, ама противникот даде дури 18 што секако е премногу за дуел во кој се решава за место на мундијал.

Неагу со единаесет погодоци беше прво име кај Романија, додека Ристовска со осум голови ја предводеше листата на стрелци кај нашиот национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни