Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките ќе се соочат со Црна Гора во ЕХФ Купот, влезот е слободен

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува дуел против Црна Гора во рамките на ЕХФ Купот, дуел за кој нашиот национален тим може да ја добие поддршката од навивачите.

Имено од РФМ информираа дека за закажаниот меч за 7 октомври во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, публиката ќе може да се најде на трибините, а притоа влезот ќе биде бесплатен. Мечот се игра во вечерниот термин од 20:15 часот и притоа ќе биде дозволено максимална исполнетост од 30 проценти од капацитетот на спортскиот објект .

Воедно треба да се напомене дека за влез во салата потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :

– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни