Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарките ја добија битката со Ангола и се меѓу 16 најдобри во светот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Младинската репрезентација на Македонија ја доби клучната битка со Ангола и обезбеди пласман во главната фаза на  Светското првенство што се одржува во нашата земја.

Ова беше дуел да се биде или не за избраничките на Јанев, па иако притисокот беше голем тие покажаа квалитет, знаење, борбеност и се изборија за славје од 28-24 во СЦ „Борис Трајковски“, победа со која се меѓу 16 најдобри селекции на планетава.

Двете полувремиња ги добивме со по два разлика, првиот дел со 13-11, вториот со 15-13.

Најефикасни со по шест реализации беа Сара Стефаноска и Емилијана Ризоска.

Во нареднатата фаза противници ќе ни бидат селекциите на Португалија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни