Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите запишаа нов триумф на подготовките во Србија

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија забележа победа и на вториот тест на подготовките во Србија.

Пред неколку дена нашиот национален тим беше подобар од Нови Београд, а пак денеска славеше над Динамо Панчево со резултат  51:46.

Како и против Нови Београд одново игравме меч од 90 минути, поточно три периоди од по 30 минути во кои подобро се снајдоа избраниците на Лазаров и славеа над тимот кој се наоѓа на третото место во српскиот шампионат зад Партизан и Војводина.

Само за потсетиме Македонија се подготвува за СП во кое во Вараждин ќе ги одмери силите со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни