Поврзете се со нас

Македонија

Ракометарите со шпалир за фудбалерите, Тиквеш славеше на последниот домашен меч во Суперлигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Тимот на ГРК Тиквеш 2014 издвојува победа над Пролет од 29:25 во последниот домашен меч за оваа сезона во најсилната ракометна лига во Македонија.

Домаќините се покажаа во подобро светло, првиот дел го решија со 17-16, а вториот со 12-9 за седмо славје во суперлигашкиот плејоф. Мијатовиќ со осум реализации беше најефикасен кај победникот, додека на спротивната страна Андоновски, Василевски и Петковски беа автори на по четири гола.

Специјални гости во салата „Јасмин“ во Кавадарци беа фудбалерите на ГФК Тиквеш 1939 кои вчера го освоија Купот на Македонија. Тие беа испочитувани на најдобар начин, имаше и шпалир од страна на ракометарите што доволно говори за целата ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни