Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите сигурни на првиот подготвителен тест за СП

Објавено

на

Македонија наредниот месец ја очекува настап на Светското првенство, па пред истиот нашиот национален тим одработува подготовки на кои ја забележа првата победа и тоа со тимот на Нови Београд.

Избраниците на Кире Лазаров постигнаа дури 85 погодоци на овој меч во кој се играа 3х30 минути со тоа што во регуларниот дел резултатот беше 55-28 (27-11).

foto:www.facebook.com/rknbgd

Ракометарите остануваат во Србија каде ќе одиграат уште два натпревари (Динамо Панчево и Саудиска Арабија) кои треба да помогнат во процесот да бидеме што поподготвени за соочувањата со предизвиците на мундијалот каде во првата фаза во Вараждин ќе ги одмериме силите со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни