Поврзете се со нас

Европски купови

Ракометарите на Пелистер пред дуелот со ГОГ: Желни сме за игра, ќе видиме до каде сме со формата

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со нетрпение го очекуваат првиот меч во новата натпреварувачка сезона, а за нив тоа ќе биде гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме во рамките на од Лигата на Европа.

Избранците на Бабиќ долго време се без официјални натпревари, меѓутоа без разлика на се тимот тренира, се подготува и спремен е да го даде најдоброто против ГОГ на дуело кој е закажан за вторник од 18:45 часот.

-Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Одиме да се натпреваруваме, се подготвуваме, не знаеме до каде сме сè уште, -истакна голманот Градимир Чаневски.

Сличен став има и средниот бек Јосип Периќ кој во Битола пристигна од Гепинген.

-Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите, -рече Периќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни