Поврзете се со нас

Македонија

Ракометарите на „Голден Арт“ го освоија младинскиот Ф4-турнир

Објавено

на

По победата против домаќинот Младост 1977 во првиот натпревар, ракометарите на Голден Арт го совладаа тимот на Бутел со резултат 31:27 (15:14), потврдувајќи го статусот на фаворит и покажувајќи дека во моментов е најдобра македонската ракометна екипа, за ракометари родени 2004 година и помали.
Како што беше случај и во полуфиналето, Голден Арт во грч го стартуваше натпреварот, а противникот тоа го искористи создавајќи солидна разлика од +5 (8:3). Првото полувреме помина во изедначување на силите,  за на пауза да се замине со само гол негатива 14:15.
„Голден Арт“ продолжи со исто темпо во вториот дел и многу брзо го израмни, по што ја превзема иницијативата и го сврти резултатот во своја полза. Од тој момент нивните ракометари имаа постојано водството од 2 до 4 погодоци (18:20, 20:23 и 23:27) и ја контролираа играта и резултатот. Со ова, младинците на „Голден Арт“ по веќе освоените второ место кај пионерите и четврто место кај кадетите, се искачија на тронот во највозрасната категорија.
– Ракометниот клуб „Голден Арт“ уште еднаш покажа дека многу инвестира во младите македонски ракометари и дека и во иднина ќе го има главниот збор во македонскиот клубски ракомет, таму каде се создаваат македонските ракометари,- се вели во соопштението на клубот до медиумите.
Покрај трофејот и златните медали за најдобрата македонска ракометна екипа во Македонија, во младинска конкуренција, двајца ракометари на Голден Арт се закитија со индивидуални награди. Кристијан Стаменковиќ е прогласен за најдобар десен бек, а Немања Џигероски за најдобар среден бек на турнирот. Воедно, Кристијан Стаменковиќ, десниот бек на шампионот Голден Арт е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир.
„All_Star“ тим на Ф4 младинци:
голман – Благој Панов (Младост Богданци)
лево крило – Дамјан Субашевски (Бутел Скопје)
лев бек – Антонио Николоски (Младост Богданци)
среден бек – Немања Џигероски (Голден Арт)
десен бек – Кристијан Стаменковиќ (Голден Арт)
десно крило – Дамјан Георгиев (Пролет)
пивот – Илија Чрчев (Младост Богданци)
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни