Поврзете се со нас

Македонија

Ракометари од Алкалоид и Мулти Есенс дел од проектот на ЕХФ „Почитувај го својот талент“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Во период кога се уште актуелни се завршните случувања на ракометното Светско првенство, ЕХФ продолжи да организира настани поврзани за младинските категории, а дел од проектот овојпат беа и млади репрезентативци на Македонија.

Тројца македонски репрезентативци од РК Алкалоид и РК Мулти Есенс беа дел од проектот „Почитувај го својот талент“ кој е организиран од страна на ЕХФ, а во кој беа вклучени 30 талентирани ракометари од Европа.

Станува збор за играчи кои оставија силен печат на младинското Европско првенство во Црна Гора до 18 години, а дел од групата која се собра во Виена беа и Дамјан Митев, Марин Крстевски и Ѓорѓи Николовски.

Дел од проектот на ЕХФ во улога на ментори биле легендарните Ханс Лидберг, Љубомир Врањеш, Вид Кавтичник и Карлос Прието, а најактуелни теми на собирот биле нутриционизмот, управувањето со социјалните медиуми, анти-допинг политиката, двојните кариери, психошките подготовки и спортските закони.

– Сакам да стигнам до врвот, дефинитивно. Знам дека тоа е тешка задача, но има време и мислам дека сме на вистинскиот пат. Небото е граница, со советите што ги добивме од амбасадорите, сѐ е возможно. Тие ни ја раскажаа својата приказна и тоа ќе ни биде многу корисно во иднина, – гласи изјавата на Марин Крстевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Alkaloid (@rkalkaloid)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни