Поврзете се со нас

Македонија

Ракометар на Вардар позитивен на КОВИД-19, соиграчите дополнително тестирани

Објавено

на

Ракометарите на Вардар денеска повторно се тестирале на коронавирусот, а причината е еден позитивен тест кој се појавил во првиот тим изминативе денови.

Играчот чие име клубот не го објави пред неколку дена имал зголемена температура, а откако лекарскиот тим го утврдил тоа уште пред неговото влегување во сала, бил направен тест, кој имал позитивен резултат.

„Црвено-црните“ денеска ги тестирале сите членови на првиот тим и за среќа немало друг дополнителен позитивен тест, по што тие продолжуваат да се подготвуваат за претстојните натпревари.

Заразениот ракометар со КОВИД-19 се наоѓа во добра здравствена состојба, велат од клубот, а другите ракометари пропуштиле само еден тренинг поради празничниот период.

Вардар во четврток ќе се сретне со Флензбург во Лигата на шампионите, а пред дуелот сите играчи повторно ќе бидат тестирани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни