Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ракометар на ПСЖ постигна невообичаен гол, Раул се држеше за глава (Видео)

Објавено

на

ПСЖ вчера прокоцка сериозна предност на гостувањето кај Веспрем и го загуби натпреварот од Лигата на шампионите, со што на непосакуван начин ја стартуваше сезоната во најелитното ракометно натпреварување.

Натпреварот изобилуваше и со атрактивни потези, а внимание привлече и еден гол на Лук Стајнс од редовите на гостинската екипа.

Во моментите кога ПСЖ водеше, расположението на клупата кулминираше по голот на Холанѓанецот, кој имајќи ја предвид неговата височина, ги изненади и противниците со скок-шут ударот кој заврши во мрежата на Веспрем.

Ракометарите на ПСЖ бурно го поздравија потегот, а тренерот Раул Гонзалес се држеше за глава неможејќи да поверува што виде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни