Поврзете се со нас

Шпанија

Ракитиќ за периодот во Барселона: Прокоцкавме неколку трофеи во ЛШ, најтешко беше во Рим

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Иван Ракитиќ бил соговорник на познат шпански новинар во неговата Твич емисија и очекувано зборувал за периодот кој го помина во редовите на Барселона.

Хрватскиот фудбалер кој сега настапува во Саудиска Арабија смета дека Барса имала една од најдобрите генерации во историјата и тој и соиграчите прокоцкале неколку трофеи во Лигата на шампионите.

Ракитиќ го истакнал легендарниот камбек во двомечот со ПСЖ во сезоната 2016/17 како еден од моментите кои засекогаш ќе ги памети, но смета дека и по тој успех екипата се почувствувала супериорно и за тоа била казнета со елиминацијата во следната рунда од Јувентус.

– Тоа што ни се случи подоцна не е изненадување, се чувствувавме супериорно. Не се „појавувавме“ на натпреварите и тоа не чинеше трофеи. Сега, години подоцна, би сакал да можеме да се вратиме и да ги преиграме тие дуели, сигурно би освоиле уште две-три титули во Лигата на шампионите, – вели Ракитиќ.

Хрватот посебно го истакнал тешкиот пораз од Рома, по кој Барса во сезоната 2017/18 беше елиминирана во ЛШ.

– Најлошиот момент ни се случи во Рим, бидејќи сами си пресудивме. Без да го намалам успехот и трудот на противникот, самите се победивме на таков начин. Кога не си влезен соодветно на натпреварот, може да ти се случат такви работи. Тоа беше наша вина, – потенцира Ракитиќ за поразот од Рома со 3:0 и елиминацијата покрај победата со 4:1 на домашен терен.

Ракитиќ освои еден трофеј во ЛШ со Барселона и тоа по триумфот во финалето на Јувентус во сезоната 2014/15.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни