Поврзете се со нас

Шпанија

Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Иван Ракитиќ одбележа една убава етапа во Шпанија како играч на Севилја и Барселона, а сега се врати во оваа земја за да одработи зимски подготовки со Хајдук од Сплит.

Главната ѕвезда во тимот на Џенаро Гатузо се обидува да ја врати титулата во Сплит по пауза од 20 години, но краткорочниот престој во Шпанија им послужи на познатите медиуми да стапат во контакт со искусниот играч за врска.

Ракитиќ во целата своја клупска кариера го имаше Реал Мадрид за свој противник, но бидејќи во „кралскиот клуб“ и натаму игра еден негов добар и близок пријател, го искористи интервјуто со „Марка“ за да испрати искрен совет до Флорентино Перез.

– Ќе дадам изјава која ќе се најде на насловните страни, но се надевам дека ќе ме слушне и Флорентино Перез…. Веднаш продолжи му го договорот на Лука Модриќ!

– Не го велам ова само за доброто на Реал Мадрид, туку за сите кои го сакаме фудбалот. Лука е еден од ретките фудбалери кои се сакани од целиот свет. Модриќ го сакаат Хрватите, Шпанците, Германците, фановите на Севилја, на Атлетик Билбао и многу други клубови во Шпанија. Лука се уште е достоен за Реал Мадрид, за шпанската Ла Лига, за Лигата на шампиони. Искрено се надевам дека ќе игра за Хрватска на Светското првенство во 2026-та година, – вели Ракитиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни