Поврзете се со нас

Балкан

Ракитиќ со една објава на социјалните мрежи ги разгоре страстите меѓу хрватските фанови (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Иван Ракитиќ веќе подолго време не е дел од репрезентацијата на Хрватска откако реши да им остави простор за докажување на помлади фудбалери, но како легенда на националниот тим, популарната „Ракета“ не го пропушта секое големо натпреварување.

Рактиќ преку објавите на социјалните мрежи јасно укажува дека ги следи сите случувањата на актуелното Европско првенство, а една негова објава по новиот неповолен резултат на Хрватска посебно им привлече внимание на домашните медиуми.

Ветеранот не даде коментар за избраниците на Златко Далиќ по ремито со Албанија (2:2), но затоа сподели една објава во која тој е наречен најдобар хрватски фудбалер на сите времиња.

Оваа споделена објава на Инстаграм стори секако му донесе и низа негативни коментари од хрватските фанови, бидејќи најголем дел од нив се согласни на оваа тема, односно веруваат дека актуелниот капитен е најдобар во историјата.

Лука Модриќ ја предводи Хрватска и 38-годишна возраст, а иако и тој вчера не беше на препознатливото ниво, самиот нагласи дека тимот ќе го покаже најдоброто лице на клучниот меч против Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни