Шпанија
Ракитиќ се расплака откако беше принуден да си оди од Севилја: Морам да ја прифатам одлуката на тренерот (Видео)
Иван Ракитиќ денеска и дефинитивно стави крај на својата незаборавна авантура во Севилја, па со солзи во очите се прости од навивачите, од своите колеги, како и од новинарите кои беа присутни на прошталната прес-конференција.
Намерата на Хрватот беше да ја заврши кариерата во Севилја, но откако новиот тренер Кике Санчес Флорес го премести на клупата за резерви, Ракитиќ брзо доби понуда којашто не се одбива и се сели во Саудиска Арабија.
Ракитиќ го носеше дресот на Севилја во 323 наврати во двете етапи кои ги мина во клубот, а иако на почетокот на обраќањето вети дека нема да плаче, Хрватот едноставно не можеше да се воздржи.
– Имав привилегија да го носам овој дрес 323 пати, треба да ви стане јасно кога вашиот циклус завршува. За мене ова беше повеќе од чест. Кога ги гледам овие трофеи, ми текнува на цела љубов која ја добив. Сите постигнуваме голови и даваме асистенции, но најважни се трофеите. Денес можеме да кажеме дека Севилја има многу трофеи. Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во клубот. Јас сум Хрват роден во Швајцарија, но мојот дом е Севилја. Секогаш ќе го следам клубот и ќе се вратам тука, нема поголема работа од тоа да се чувствувате како член на Севилја, – изјави расплаканиот Ракитиќ.
– Се уште не можам да замислам дека од утре нема да можам да излезам на теренот на „Писхуан“. Работите се случија многу брзо. Да бидам искрен, се уште се гледав себеси како незаменлив стартер, но таков е фудбалот. Играчите не треба да ја разберат одлуката на тренерот, треба само да ја прифатат. Идејата на новиот тренер не е иста како мојата и морам да го прифатам тоа. Можев да останам на клупата, но тоа ми е последното нешто што би го направил. Сакав да и помогнам на Севилја на теренот, сакам до последен ден од мојата кариера да се чувствувам како фудбалер и да бидам на теренот, – нагласи Хрватот.
Севилја оваа сезона е во исклучително тешка ситуација и води грчевита борба за опстанок, па останува да видиме дали Кике Санчес Флорес ќе успее во намерата да го сочува тимот во Ла Лига.
Ivan Rakitic gets emotional as he says goodbye to Sevilla and La Liga. 🥺🇭🇷pic.twitter.com/0eRlF2BKVe
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) January 30, 2024
Leyenda absoluta del club, Sevilla siempre será tu casa. @ivanrakitic pic.twitter.com/fcjxsZFEWx
— coña (@SprintDeRakitic) January 30, 2024
Mi querido Sevilla FC ♥️
Este es un mensaje especial para ti. Gracias por todo. 🙏🏼
Hasta pronto,
Ivan.@SevillaFC #rakitic #sevillafc#vamosmisevilla #nuncaterindas pic.twitter.com/s1sz2mE7J4— Ivan Rakitic (@ivanrakitic) January 30, 2024
-
Светски првенства17 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија22 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Шпанија11 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија22 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација21 час
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман
-
Свет18 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско