Ракитиќ сака да остане во сегашната средина: Барселона е идеално место за мене

ivan-rakitic

Иван Ракитиќ во последниов период повторно почна да добива шанса во почетната постава на Барселона, а тоа дефинитивно се почувствува во играта на шпанскиот шампион и најдобар доказ за тоа се и резултатите, трите победи во низа против Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Мајорка.

Сите овие мечеви хрватскиот репрезентативец ги започна од првата минута и обезбеди поголема стабилност на средината на теренот, но и понатаму останува незвеснот дали Ракитиќ ќе ја заврши оваа кампања во Барселона или можеби уште во јануари ќе замине во друга средина.

Заинтересирани клубови има, ама ако се прашива Иван тој сака да остане на „Камп Наоу“.

-Многу работи се случија во последните неколку месеци. Понекогаш се случуваат работи што не можете да ги разберете, но мора тоа да го прифатите. Мене ми се случи. Никој ништо не дава. Сакам да дадам се од себе и ако можам да играм овде, јас отсекогаш велев дека нема подобро место од Барселона за да продолжите да освојувате трофеи, ова е совршено место за мене. Сакам да уживам и да се обидам да му помогнам на тимот да се подобри. Давам се од себе и ако може да биде како што беше на последните неколку натпревари, тогаш уште подобро. Јас сум тука да играм и да ги искористам минутите што ги добивам за да ја заработам довербата на тренерот и на моите соиграчи. На се сум подготвен, -истакна Ракитиќ.

Facebook Коментари