Ракитиќ: Природата како да сакаше да ни каже нешто….

raketa-francija

Иван Ракитиќ не го криеше огромното разочарување по поразот од Франција во големото финале, но исто така не криеше ни колку е горд за тоа што го остварија тој и неговите соиграчи на ова Светско првенство во Русија.

Хрватските фудбалери дефинитивно ги освоија срцата на неутралните фудбалски фанови и на светската јавност, па тоа очигледно го инспирираше Ракитиќ да потенцира дека денеска за Хрватска навивале повеќе од 100 милиони луѓе, а не само оние четири ипол милиони во родната земја.

– Тажни сме, бевме толку блиску до освојување на златото, бевме навистина толку блиску. Природата на крајот како сакаше да ни каже нешто. Овој дожд што паѓаше, изгледаше како небото да плаче за нас. Цел свет денеска навиваше за Хрватска. Денес имаше 100 милиони Хрвати, сите се заљубија во нас поради тоа што го прикажавме. Треба да бидеме горди на тоа. Им честитаме на Французите за златото, а ние едвај чекаме да дојдеме дома во Загреб, – истакна Ракитиќ кој додаде дека фудбалот денеска бил доста суров кон нив.

– Бевме подобар тим. Се до нивниот трети гол бевме подобар тим на теренот. Ни дадоа четири гола од три удари, тоа е вистинска штета, но таков е фудбалот, – додаде играчот за врска.

Facebook Коментари