Поврзете се со нас

Европски првенства

Ракитиќ откри за кого навива до крајот на ЕП: Ме потсетуваат на Хрватска од 2018. година

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Иван Ракитиќ е пред нов фудбалски крстопат и размислува дали за првпат да заигра во Хрватска на клупски план, а пред да донесе конечна одлука за понудата од Хајдук, легендарниот играч за врска се осврна на најактуелното случување на стариот континент.

Европското првенство е случувања број еден и веќе видовме неколку големи разочарување на овој шампионат, па во недостиг на Хрватска која испадна уште во групната фаза, Ракитиќ сега открива дека навива за родната земја.

Иван е роден во Базел и има навистина добра мисла за тимот на Мурат Јакин, за кој вели дека многу го потсетува на хрватскиот тим кој играше во големото финале на Светското првенство во 2018-та година.

– Разговарав со многу експерти и луѓе кои познаваат фудбал, со играчи и поранешни професионалци. Мислењето е едногласно пред четвртфиналето, сите мислат дека Швајцарија е подобра од Англија во фудбалска смисла. Исто така, швајцарскиот тим изгледа посимпатично од англискиот.

– Овој швајцарски тим ме потсетува на Хрватска од 2018-та година, постои слично заедништво какво што имавме ние. Воопшто не бев изненаден што ја победи Италија. Единствено изненадување беше тоа што Италија е во осминафинале, Хрватска е таа што требаше да биде во таа фаза, – изјави Ракитиќ во интеврјуто за „Блик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни