Поврзете се со нас

Шпанија

Ракитиќ: Не ги затворам вратите за голема промена, ќе беше добро да се расчистат мистериите

Објавено

на

Иван Ракитиќ тврди дека се вратил во многу подобра физичка форма од претходно и вонредната пауза ја искористил на најдобар можен начин, а како што вели во последното интервју кое го направи за „Радио Марка“, тоа му го потенцирале и неговите соиграчи.

Ракитиќ има јасна цел да ја заврши оваа сезона со Барса на најдобар можен начин и речиси со огромна сигурност ќе го гледаме во друг клуб наредната натпреварувачка кампања, сценарио за кое веќе е подготвен и самиот играч за врска.

Кога дојде ред да говори за трансферите и можните заминувања, Ракитиќ проговори за Лаутаро Мартинез, но и за себеси.

– Ако дојде Лаутаро во Барселона, јас ќе бидам навистина среќен и задоволен. Немам ништо со тоа, мое е да мислам само на Барселона во овој момент. Сакам да мислам и подолго, но не ги затворам вратите за голема промена во кариерата, – изјави Ракитиќ и додаде.

– Ќе беше добро некој од клубот да излезеше со јасен став и да ги расчистеше мистериите за мојата иднина, ќе прекинеа гласините. Можеби ќе го направат тоа после ова интервју, – додаде Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни