Ракитиќ: Меси е поразличен од сите и надвор од теренот, уште при првиот ден во Барса…

mesi-ivo

Иван Ракитиќ максимално се наметна во стартната постава на Ернесто Валверде и неговото место во првиот тим на Барселона сега во ниту еден момент не е доведено во прашање, до толку што хрватскиот играч за врска е еден од фудбалерите со најголема минутажа покрај Меси, Бускетс и Тер Штеген.

Хрватот уште една сезона успеа да одолее на конкуренцијата и да ги остави во втор план останатите играчи од средниот ред, а бидејќи веќе неколку сезони е важен дел од тимската игра на Барселона, Ракитиќ се почесто е интересен за шпанските медиуми, а сега во последното интервју за „Антена 3“ во емисијата „Ел Ормигеро“, направи едно свое видување за тоа каков е Лионел Меси надвор од теренот.

– Лео Меси е нашиот лидер. Нашата игра зависи многу од него, едноставно тој е играч кој не треба да ви каже ништо, со еден гест ви ги разјаснува сите работи, а со еден пас ги решава истите. Тој е многу срамежлив во приватниот живот бидејќи знае дека цел свет е свртен кон него и го следи секој негов потег. Тој е различен од сите и надвор од теренот, Лео е неверојатна личност. Тој беше еден од првите кои ме поддржа уште првиот ден и ми запраша дали ми треба одредена помош за сместувањето во Барселона, – открива Ракитиќ.

Facebook Коментари