Ракитиќ со коментар откако го имаше само вториот старт во сезоната: Навистина не разбирам…

ivo-klupa

Иван Ракитиќ не добива многу шанса од тренерот Ернесто Валверде, па затоа сите останаа зачудени кога Хрватот се најде во стартната постава на вчерашниот дерби натпревар против Атлетико Мадрид.

Тоа беше само втор старт на Ракитиќ оваа сезона во Ла Лига, а прв од месец септември. По средбата Хрватот даде коментар за неговата ситуација во клубот.

– Не ја разбирам ситуацијата зошто сакам да играм. Ако можам да играм, за мене нема подобро место од Барселона. Сакам да уживам во секој ден и ако е можно тоа да го правам овде. Претходно реков дека ми ја зедоа топката за да нагласам колку го сакам фудбалот. Повторувам, ако играм, нема подобро место од Барселона, имам уште многу да понудам, -изјави Иван Ракитиќ.

Facebook Коментари