Балкан
Ракитиќ: Кога ќе видите еден Гатузо со солзи во очите…
Иван Ракитиќ првпат заигра во својата Хрватска и го облече дресот на Хајдук, а сега како најголема ѕвезда на тимот од Сплит, во неделата се израдува на уште една огромна победа над лутиот ривал Динамо.
Ракитиќ по вторпат се израдува на триумф над загрепскиот великан во период од три месеци, но овој триумф беше посебен бидејќи беше остварена на „Пољуд“.
Навивачите на Хајдук режираа спектакл по победата од 1:0 и имаше вистинско шоу на теренот и трибините, сцени кои направиле и еден Џенаро Гатузо да замине со солзи во подтрибинскиот простор.
– Ова се моменти поради кои сакаме да играме фудбал. Вакви работи не се опишуваат со зборови. Кога ќе видите еден Гатузо со солзи во очите во соблекувалната, знаете дека е нешто посебно. Има освоено се во фудбалот, беше светски шампион, одигра 800, 900 натпревари во кариерата….
– Кога таков човек е емотивен после еден натпревар, тоа значи дека се случува нешто неверојатно. Не сум важен ниту јас, ниту Ливаја, важно е чувството кое го има овој клуб. Со поддршката која ја добивме, имав чувство дека сме 50 играчи на теренот, а не 11. Благодарност до навивачите, благодарност до „Торцида“, – изјавил Ракитиќ за „Хајдук Дигитал“.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан